Манчестер сити славеше над Нотингем Форест на гости со 1-2, а по натпреварот, Пеп Гвардиола тргна да ги отпоздрави навивачите на „граѓаните“ кои се наоѓаа на гостинскиот дел од трибините.
Во движењето постојано го следеше еден од снимателите, па Пеп одлучи бурно да реагира и да мафта со рацете за да му ослободи пат да се поздрави со навивачите. Снимателот тоа и го стори, но ова не е првпат за Каталонецот оваа сезона како се расправа со луѓето кои се задолжени да им ги пренесат на гледачите случувањата од стадионот.
Pep Guardiola is not happy with the cameraman.
pic.twitter.com/egQgik1IoA— TheScreenshotLad (@thescreenlad) December 27, 2025
Гвардиола се скара и со еден од снимателите на мечот против Њукасл, па потоа се извинуваше за својот потег.
