Никола Јокиќ дојде до својот 16-ти трипл-дабл оваа сезона и вкупно 180-ти во кариерата, кога станува збор за регуларниот дел од НБА лигата, но тоа не беше доволно за победа на Денвер.
Србинот имаше ефект од 34 поени, 21 скок и 12 асистенции, па по осмипат во кариерата дојде до трипл-дабл 30/20/10. Сепак, Орландо со магичен пресврт во последната четвртина дојде до победа од 127-126, а клучните поени ги постигна Дезмонд Бејн од слободни фрлања на 6,9 секунди до крајот на мечот.
Со ваквиот учинок, Јокиќ дојде на само еден трипл-дабл од вториот на вечната листа, Оскар Робертсон, кој 181 тројни ефекти во кариерата, додека лидер е Расел Весбрук со 207 во регуларниот дел.
Резултати:
Сакраменто – Далас 113-107
Њу Орлеанс – Феникс 114-123
Орландо – Денвер 127-126
Атланта – Њујорк 125-128
Чикаго – Милвоки 103-112
Хјустон – Кливленд 117-100
Мајами – Индијана 142-116
Минесота – Бруклин 107-123
Сан Антонио – Јута 114-127