Денеска утрото е ведро и студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Дневните температури ќе се движат во опегот меѓу 5 и 11 Целзиусови степени.