
Дел од повредените од пожарот се на лекување во Клиниките низ Македонија, дел во регионот и странство. Некои веќе се вратија дома или се пуштени на домашно лекување. Уште 4-5 пациенти се во критична состојба.
Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали.
По трагедијата Владата прогласи седумдневна жалост, знамињата беа на половина копје, откажани беа сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена беше и програмата на медиумите. Отворени беа и книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.