Граничниот премин Евзони меѓу Северна Македонија и Грција повторно е затворен за влез и излез на возила, информираат надлежните служби. Заклучно со попладневните часови, преминот е блокиран за сообраќајот на сите видови возила, поради активности на грчките земјоделци кои организираат протести на грчката страна од границата.
Според известувањата, првата блокада се одвивала од утринските часови, а втора повеќечасовна блокада започнала попладнево, по што преминот останал затворен за возила кои патуваат кон и од Грција.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) истакна дека сообраќајот на државните патишта надвор од граничните премини се одвива нормално, а од македонска страна нема значителни задржувања при влез или излез од земјата.