Долго време се најавува дека Џошуа Циркзе е прекуброен во Манчестер јунајтед, но сега кога на адресата на „црвените ѓаволи“ пристигна конкретна понуда – таа е одбиена.
Членот на Серија А, Рома, сака да го ангажира холандскиот офанзивец и тоа уште на стартот од јануари, односно на вториот ден од новата година, но од Манчестер јунајтед не се задоволни од понудата.
„Римската волчица“ нуди позајмица до крајот на сезоната, а потоа и задолжителен откуп на неговиот договор за 30 милиони евра, но од Манчестер јунајтед сакаат да добијат дополнителни 10 милиони евра.
Холанѓанецот пред една ипол година пристигна во Манчестер јунајтед од Болоња за сума од 42,5 милиони евра и потпиша договор до 2029 година, но не ги оправда очекувањата, па собра 61 настап со ефект од осум гола и три асистенции.