Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за нов настап на Европскиот шампионат .
Како дел од подготовките за првенството што ќе почне кон средината на јануари месец, македонските ракометари ќе одиграат неколку контролни натпревари.
Избраниците на Кирил Лазаров веќе се во Пореч каде вечерва ќе „спарингуваат“ со селекцијата на Хрватска.
Ова е само еден од четирите контролни дуели. По него македонските ракометари кратко ќе се вратат во Скопје, а по новогодишните празници заминуваат за швајцарскиот град Винтертур. Таму од 8 до 10 јануари, ќе одигра натпревари против домашната селекција на Швајцарија, Бахреин и Украина. Веднаш од таму ракометарите ќе отпатуваат за Данска.
Македонија на ЕП ќе игра во градот во Хернинг во „Б“ групата против домаќинот Данска, Португалија и Романија. Првиот натпревар е на 16 јануари со Данска.
Вечерашниот натпревар, Хрватска – Mакедонија што ќе почне од 20.30 часот, може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО на МРТ3 (ОВДЕ).
