
„Пред некој ден зборував со Лилијан (таткото на Кефрен), си направивме добар муабет. Видете, ако момчето не се однесува како што требе, ќе „јаде“ шамари“ – вели новиот тренер на Јувентус.
Игор Тудор денеска се сретна со новинарите и разговараше на многу теми и доби прашања за неколку фудбалери, едно од нив беше наменето за летното засилување Кефрен Турам.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Во мај 2024, кога Интер славеше титула, Маркус Турам го понесе атмосферата и се придружи на скандирања против Јувентус, па Лилјан Турам стапи на сила и му „залепи“ воспитна на својот син.
Новиот тренер на Јувентус, Игор Тудор на шега порача дека ќе го „шамара“ Кефрен Турам доколку фудбалерот од средниот ред не се однесува како што треба.