
Ако Интер успее да освои „триплета“, управата вети дека на играчите и тренерскиот тим ќе им исплати шест милиони евра на основа на бонуси.
Италијанските медиуми открија дека управата на Интер ветила високи бонуси за крајот на сезоната.
За одбрана на трофејот во Серија А тренерот Симоне Инзаги ќе заработи бонус од еден милион евра според неговиот договор. Покрај тоа, тој би можел да биде и дел од колективот кој може да подели огромен бонус.