Картелското однесување ќе се казнува со казни повисоки за 10 пати од сегашните. За таа цел се подготвуваат и законски измени, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
Според него, казните за големите маркети и трговците кои го изигруваат законот и ги договараат цените ќе се зголемат од 20.000 евра на 200.000 евра.
-Да, ќе има десеткратно зголемување на казните посебно за големите маркети. Место да имаме казна 20.000 евра, да се движи над 100.000 евра, да биде и 200.000 евра казна. Меѓутоа тоа сепак треба повторно да го разговараме сите и да го договориме на едно ниво кое ќе значи и заштита на стандардот на граѓаните од вакви изигрувања, картелски здружувања – изјави Ристески во гостување на Телевизија 21.
Тој најави дека следната година ќе има одредени промени во законот, посебно во казнената политика на законот.