„Пред да стапнам на сцената, почувствував неверојатна возбуда: ова е реално, се случува, мојот сон се остварува. Тој момент беше еден од оние што се паметат, еден од оние по кои се мери многу во иднината. Емоциите што ме обзедоа тогаш сè уште се присутни секојпат кога ќе излезам на сцената. Ви благодариме за сите овие прекрасни години“, напиша Даниела Мартиновиќ во својата објава, потсетувајќи на долгогодишната љубов што ја споделува со музиката и својата публика.Како едно од најпрепознатливите имиња на хрватската музичка сцена, Даниела гради кариера повеќе од три децении. Нејзиниот пробив се случи во 1991 година кога стана дел од популарната група „Магазин“, заменувајќи ја Лилјана Николовска. Со „Магазин“ остави значаен печат во регионалната поп музика, но во 1996 година одлучи да зачекори во соло води, носејќи нова енергија и автентичен музички израз.

Со бројни хитови и незаборавни настапи, Даниела останува верна на музиката и публиката која ја следи низ сите овие години. Нејзината сценска емоција, страст и посветеност ја прават омилена меѓу фановите, а нејзината кариера сведочи за вистинска уметничка љубов што не згаснува.