
„Сега станува многу потешко да се бориме за титулата, но решени сме да одиме до крај. Мораме да се бориме до крај. Не е проблемот ниту физичката подготвеност, ниту тактиката. Создадовме многу шанси, но ни недостасуваше ефикасност. Точно дека во моментов на нашите противници не им треба многу за да ни дадат гол. Ризикувавме да победиме, ремито не ни беше од корист, и на крај примивме гол од противнапад. Мораме да внимаваме на секој детал, како промашениот пенал и фактот дека после него бевме во статична позиции. Валенсија својот натпревар го одигра фантастично. Заслуживме победа, без сомневање. Можеме да се подобриме, имавме заслужени порази, а овој не беше таков“, рече Анчелоти.
Реал Мадрид претрпе пораз од Валенсија (1-2) иако одигра одличен меч и беше доминантен во Ла Лига. По неуспехот своето мислење го изнесе тренерот Карло Анчелоти.
Италијанецот беше незадоволен од исходот, меѓутоа нагласи дека Реал заслужил победа. Исто така призна и дека трката за титулата е доста тешка во моментов.