
Затворањето значи отпуштања најмногу за кинескиот тим на Microsoft, кој моментално брои 2.000 работници. Wicresoft не одговори на барањето на Ројтерс за коментар за извештајот на кинескиот весник.
Кинеската медиумска компанија Caijing ја објави веста дека компанијата Wicresoft, која Microsoft ја основа во соработка со кинески партнери, ќе престане со работа во вторник.
Потегот е во согласност со одлуката на Microsoft да ги суспендира услугите за поддршка на клиентите во Кина, кои ќе ги опфатат и корисниците на Windows и Office кои се занимаваат со обработка на текст.
Microsoft се повлекува од кинескиот пазар поради се поизразените политички и трговски тензии меѓу Вашингтон и Пекинг, но и поради жестоката конкуренција на домашните ривали како Kingsoft. Компанијата за ИТ услуги Shanghai Wicresoft е основана во 2002 година како прв заеднички проект на Microsoft со кинески партнери, а работи и во САД, Европа и Јапонија. Тие вработуваат повеќе од 10 илјади работници, покажуваат податоците на официјалната веб-страница.