
Регулаторната комисија за енергетика во текот на вчерашниот ден излезе со најновите цени за горивата кои веќе од полноќ стапија на сила.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намали за 0,680 ден/кг, и изнесува 41,025 денари по килограм.
Така, малопродажните цени на бензините и на дизелот се намалија за 0,5 денари по литар. Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 95 сега изнесува 76 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 изнесува 78,5 денари по литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 68,5 денари по литар.
Поевтино е и екстра лесното масло за домаќинство и од полноќ изнесува 68,5 денари.
Ова е табелата со новите цени на горивата: