Претседателка на Државниот збор на Словенија, утре во Собранието ќе има средба со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Антонијо Милошоски и со членовите на групата, а генералната секретарка на Собранието Марина Димовска ќе оствари средба со генералната секретарка на словенечкиот Државен збор, Уршула Зоре Тавчар. Словенечката претседателката на Парламентот попладнево со високи државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Потоа, двајцата ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува средба на двете делегации.
Претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар Зупанчиќ денеска и утре ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија.
За време на официјалната посета, Клакочар Зупанчиќ ќе биде примена и од претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова и од премиерот Христијан Мицкоски.
Како што најавуваат од собраниската прес-служба, по потпишувањето на Клакочар Зупанчиќ во Книгата на впечатоци, претседателите на двата парламенти ќе дадат изјави за медиумите.
За време на посетата, во главниот град ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.