Diamond по втор пат го собра најдоброто од танцувачката сцена на едно место. Натпреварот се одржа во атмосфера исполнета со енергија, емоција и уметност, каде што учесниците од Македонија, Полска, Србија, Бугарија, Грција, Унгарија, Албанија и Босна и Херцеговина имаа можност да го покажат својот талент, труд и љубовта кон танцот.Особено емотивни моменти беа настапите на инклузивните групи, кои со својата искреност, храброст и љубов кон танцот ја освоија публиката и предизвикаа силни аплаузи и солзи. Нивните изведби беа потсетник дека уметноста е универзален јазик кој ги надминува сите бариери.Стручната жири комисија, составена од интернационално признати професионалци од танцувачката индустрија, имаше предизвик да ги оцени изведбите според техничката прецизност, креативноста и сценската изведба.Танцовото студио Dancers United кое беше организатор на овој танцов натпревар веќе овој викнед (12 и 13 април) со својата 30 члена делегација во која учествуваат и лица со попречености ќе учествува на Светското првенство во латино танци во Варшава, Полска.This slideshow requires JavaScript.Во убавиот амбиент се играше класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц…Второто издание на Diamond Dance Competition уште еднаш покажа дека танцот нема граници и дека страста, дисциплината и уметноста создаваат заедница која инспирира и обединува.Diamond Dance Competition беше повеќе од натпревар, се разменуваа искуства, се стекнуваа нови пријателства, се инспирираше, мотивираше и дружеше.На голема радост на љубителите на танцот, изминатиот викенд ( 5 и 6 април) беше во знакот на интернационалниот танцов натпревар Diamond Dance Competition кој се одржа по втор пат во Хотелот Мериот во Скопје.