
„Разговаравме со Сака, му реков; „Ми нема логика од тука да нафрламе“. Го погледнав живиот ѕид и видов дека има простор за шут со ефе од надворешната страна на ѕидот. Букајо потоа ми рече, „Ако чувствуваш дека можеш, шутирај“. Па реков, „Знаеш, во право си, ќе шутирам“. Ако не ризикувате, нема да погодите“.
И неговиот втор гол беше маестрален, погоди директно во аголот, па и покрај тоа што шутираше на страната на голманот, Тибо Куртоа немаше шанси да одбрани.
„Требаше да нафрлиме, тој (Ноколас Жовер) сугерираше да нафрлиме на подалечната статива“ – вели Деклан Рајс.
Деклан Рајс појаснува дека експертот за прекини на Арсенал, Николас Жовер всушност му кажувал да нафрли на подалечната статива, но тој бил охрабрен од соиграчот Букајо Сака да шутира директно кон голот.
Првиот гол беше сензационален, Англичанецот биеше со ефе покрај живиот ѕид, и многумина мислеа дека „мозокот“ зад оваа мајсторија е помошникот Никлоас Жовер, кој важи за експерт за прекини во тимот на Арсенал.
Деклан Рајс претходно во својата кариера нема постигнато ниту еден гол од слободен удар, а вчера два пати ја тресеше мрежата на Реал Мадрид од ваква позиција.— S👻 (@scrapytweets) April 8, 2025
Арсенал вчера со 3-0 го совлада Реал Мадрид во првиот натпревар во четвртфиналето во Лигата на шампиони, херој на „топчиите“ беше Деклан Рајс, кој два пати прекрасно погоди од слободен удар.
Сепак, Деклан Рајс појаснува дека Николас Жовер барал топката да биде нафрлена на подалечната статива, но тој со поддршка на Букајо Сака се решил да шутира кон голот.
Nicolas Jover asked Rice to cross the ball 💀💀
pic.twitter.com/qU4dixDxWB