За среќа повредени лица нема, а пожарот е целосно изгаснат.Нема повредени во пожарот кој денеска избувна спроти скопските Клиники и предизвика страв и паника кај жителите.
Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда.
Во 09 часот и 50 минути во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Назор“ настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки, кое било во движење, управувано од М.Г. од Скопје.