Пет лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи во близина на мостот Влајко во Влае.
Со телесни повреди се здобиле возачот З.А. и неговите сопатници Р.Р.(20) од с.Сингелиќ и Ј.А.(20) од с.Батинци, скопско, возачот Д.С. и сопатникот во патничкото возило „форд фиеста“, Д.Т. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
МВР информира дека сообраќајната несреќа била пријавена околу 17 часот и 30 минути, кога на булеварот Партизанска, се судриле автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.С.(39) од Скопје, автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од З.А.(29) од с.Сингелиќ, скопско, автомобил „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки управуван од Т.Т.(46) од Скопје и автомобил „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кој избегал по несреќата.
Извршен е увид.