
Откако го отпушти Марко Розе, Лајпциг го назначи Золт Лев за привремен тренер, а во меѓувреме клубот бара тренерско решение за следната сезона.
Елмас посакува да продолжи да игра во Серија А, но реална е опцијата да се врати и да продолжи во Лајпциг, тоа ќе зависи и од замислите на новиот тренер.
Германските медиуми пишуваат дека Сеск Фабрегас е еден од тренерите кои можат да седнат на кормилото на Лајпциг.
Уште е нејасно дали Елмас ќе се врати во Лајпциг по завршувањето на позајмицата во Торино. Македонецот не е евтина варијанта за италијанскиот клуб, па можно е да не го откупат.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Има неколку кандидати, а еден од нив е и тренерот на Комо, легендарниот Сеск Фабрегас.