
Во завршницата Микел Артета би можел да добие неочекувано заасилување. Имено, од Лондон пристигнуваат информации дека Германецот, Каи Хаверц е пред враќање на терените.
Нема дилеми дека неговото враќање би била одлична вест за Артета кој не може да смета на исто така повредениот Габриел Жесус.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Имено, Хаверц наводно би можел да се врати на терените во финишот од сезоната во мај.
Хаверц заработи тешка повреда на задната ложа на почетокот на февруари и се мислеше дека за него сезоната е завршена, сепак сега пристигнуваат поинакви информации.