
МИА
Роналдо му се приклучи на саудискиот клуб на крајот на 2022 година. Претходно играше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Спортинг Лисабон.
Ал-Наср му понуди на Роналдо нов договор до летото 2027. Актуелниот договор на напаѓачот истекува на 30 јуни 2025 година.
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо би можел да смени тим за да учествува на Светското клупско првенство во 2025 година.
Според новинарот на „Спорт Бајбл“, Насер Џабар, Челси и Манчестер Сити се заинтересирани за потписот на 40-годишниот фудбалер. Португалецот би можел да потпише едномесечен договор со еден од овие клубови за настап на турнирот.