„Неодоглед“ е новата песна на младата поп-пејачка Мартија Станојовиќ од Куманово која ја испеа во дует со Роберт Билбилов. За песната тие снимија и спот во продукција на „Такат студиос“, режисер е Генк Халими.
Тој е автор на музиката и продуцент на песната, а текстот ја напиша Кристина Станоески. Песната е достапна на Јутјуб и на сите дигитални платформи.
Мартија Станојковиќ (22) ја започна кариерата во 2015 година со учество во регионалното шоу „Пинк ѕвездички“ во Белград, претходно пеела на детски фестивали. Во конкуренција со повеќе млади пејачи од онаа, таа стаса до суперфиналето и го освои второто место пеејќи македонски и светски поп и рок хитови. Истата година, претставничка од Македонија на истото шоу и Антонија Гиговска.
Во 2016 година, Станојковиќ ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во Малта со песна од Александар Масевски. Оттогаш, таа има снимено неколку синглови од познатите композитори и има редовни места на домашни фестивали и настани.
The post „НЕДОГЛЕД“, НОВА ПЕСНА НА МАРТИЈА СТАНОЈКОВИЌ И РОБЕРТ БИЛБИЛОВ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.