Фудбалерите на Јувентус, Рома и Комо постигнаа гостински победи во првите натпревари од 19-то коло на италијанското првенство. Јуве го победи Сасуоло со 3:0, Рома го победи Лече со 2:0, додека Комо ја победи Пиза со 3:0.
Торинската „Стара дама“ поведе во 16. минута со автоголот на Тарик Мухаремовиќ. Пјер Калулу нафрли од десната страна, а Мухаремовиќ несмасно со глава ја проследи топката во сопствената мрежа покрај Аријанет Муриќ. Јуве ја потврди победата со два гола во второто полувреме. Во 62. минута, Џонатан Давид му асистираше на Фабио Мирети, кој постигна гол за 2:0, а две минути подоцна и самиот Давид се впиша меѓу стрелците.
Рома го победи Лече со 2:0 на гостински терен. Гостите поведоа во 14. минута со голот на Еван Фергусон, а победата за тимот на римската „Волчица“ ја потврди Артем Довбик во 76. минута.
Во првиот натпревар од 19-то коло, Комо ја победи Пиза со 3:0. По првото полувреме без голови, гостите поведоа во 69. минута преку Максимо Пероне, кој постигна прекрасен погодок со удар од работ на шеснаесетникот, по додавање од Максенс Какерет.
Седум минути подоцна, Адриан Шемпер мораше да ја вади топката од својата мрежа по вторпат. Комо изведе брз контранапад, топката стигна до Хесус Родригез, кој му ја додаде на Анастасиос Дувикас кој убаво погоди за 2:0.
Пиза можеше да се врати во живот во 85. минута, но М’Бала Нзола промаши пенал. Анголскиот напаѓач шутираше многу лошо, а неговиот удар го запре Жан Буте. Во последните моменти од натпреварот, и гостите добија откако Франческо Копола го повлече Дувикас. Грчкиот напаѓач самиот ја изведе најстрогата казна. постигнувајќи го својот втор гол за конечните 3:0.
Интер е водечки на табелата со 39 бода, Милан има 38, Наполи 37, а Јувентус и Рома имаат по 36 бода. Комо е шести со 33 бода.
Во среда се играат натпреварите Болоња – Аталанта, Наполи – Верона, Лацио – Фиорентина, Парма – Интер и Торино – Удинезе, а в четврток колото ќе го заокружат дуелите Кремонезе – Каљари и Милан – Џенова.