Во последниот натпревар од шеснаесетфиналето на шпанскиот Куп на кралот, Рајо Ваљекано го победи второлигашот Гранада со 3:1 на гостински терен, обезбедувајќи пласман во осминафиналето.
Гранада поведе во деветтата минута со голот на Пабло Саенц, но Рајо го сврти резултатот во второто полувреме. Алваро Гарсија израмни во 49. минута, Педро Дијаз им донесе водство на гостите во 74. минута, а Хуанхо Флорес го потврди пласманот на Ваљекано во втората минута од судиското продолжение.
Претходно во осминафиналето се квалификуваа Барселона, Реал Мадрид, Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Алавес, Елче, Осасуна, Реал Бетис, Реал Сосиедад, Валенсија, Албасете, Бургос, Културал Леонеза, Депортиво Ла Коруња и Расинг Сантандер.
Жрепката за осминафиналните двојки е закажана за 7-ми јануари, а натпреварите ќе се играат од 13-ти до 15-ти јануари.