Франција со партнерите работи на план за одговор во случај Соединетите држави да ја остварат својата закана за преземање на Гренланд, изјави во средата француски министер, додека водечките западноедновропски земји американски сојузници во НАТО се обидуваат да се справи со амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп во регионот.
Американското воено преземање на Гренланд од долгогодишниот сојузник Данска би ги разбранувало морињата меѓу двете страни на Атлантикот, испраќајќи силни бранови низ НАТО алијансата и продлабочувајќи го јазот меѓу Трамп и западноевропските челници.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека темата ќе биде покрената на состанокот со министрите за надворешни работи на Германија и Полска подоцна во текот на денот.
„Сакаме да преземеме акција, но сакаме да го направиме тоа заедно со нашите европски партнери“, изјави тој за радиото France Inter.
Челниците на западноевропските сили и Канада се обидуваат оваа седмица да ги збијат своите редови во врска со Гренландсе заглавени во застој околу Гренланд, инсистирајќи дека арктичкиот остров им припаѓа на неговите жители.
Трамп последните денови ја повтори дамнешната аспирација на Вашингтон за преземење контролата врз арктичкиот остров Гренланд. Тоа е идеја од крајот на XIX век што Трамп првпат ја реафирмираше во 2019 година за време на неговиот прв мандат во Белата куќа. Тој вели дека островот е клучен за американската воена стратегија и дека Данска не прави доволно за да го обезбеди.
Белата куќа во вторникот соопшти дека Трамп разговара за опции за стекнување на Гренланд, вклучително и потенцијално користење на американската војска и покрај европските приговори.
Баро сугерираше дека американскиот министер за надворешни работи ја исклучил можноста за американска воена операција.
„Вчера лично разговарав со американскиот државен секретар Марко Рубио (…) кој потврди дека ова не е пристапот што е преземен… тој ја исклучил можноста за инвазија (на Гренланд)“, рече тој.
Воената операција на САД во текот на викендот во која беше грабнат венецуелскиот претседател предизвика загриженост дека Гренланд би можел да се соочи со слично сценарио.
Висок американски функционер, кој побара анонимност, оваа седмица изјави дека Трамп и неговите советници разговараат за различни начини за стекнување на Гренланд, вклучително и негово купување. Гренланд и Данска рекоа дека островот не е на продажба.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и неговата колешка од Гренланд, Вивијан Мотцфелд, побараа итен состанок со Рубио за да разговараат за ситуацијата.
„Би сакале да додадеме малку финеса во разговорот. Викањето мора да отстапи место на дијалог. И сега“, напиша Расмусен во објава на социјалните мрежи