Барселона е првиот финалист на Шпанскиот Суперкуп откако убедливо го победи Атлетик Билбао со 5:0 во полуфиналниот натпревар одигран на стадионот „Крал Абдула Спорт Сити“ во Џеда во средата вечерта.
Актуелните шпански шампиони го решија прашањето за победникот во првото полувреме, кога тимот на Ханси Флик постигна четири гола во меѓу 22. и 38. минута. Феран Торес го отвори резултатот. Фермин, кој асистираше за првиот гол, го постигна погодокот за 2:0 во 30. минута, а потоа четири минути подоцна повторно беше во улога на асистент а стрелец беше Руни Бардагџи.
Младиот Швеѓанец впиша две асистенции до крајот на натпреварот, и двете за стрелецот Рафиња, кој го постигна четвртиот гол на Барселона во 38. минута и во 52. минута за конечните 5:0.
Финалето е закажано в недела (20 часот), а Барселона ќе се соочи со победникот од второто полуфинале, кое ќе се игра в четврток (20 часот), а ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.