Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро ја критикуваше надворешната политика на Соединетите држави под водство на претседателот Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што бескрупулозните земаат што сакаат.
Во невообичаено острата изјава, очигледно осврнувајќи се на дејствија како што е грабнувањето и отстранувањето од власт на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, германскиот претседател рече дека глобалната демократија никогаш не била позагрозена.
Иако улогата на германскиот претседател е во голема мера церемонијална, неговите зборови имаат тежина, пишува Reuters.
Нарекувајќи ја „пресвртница“ руската анексија на Крим, каде всушност по насилниот прозападен преврат во Киев во 2014 година доминатното руско население реши црноморскиот полуостров да се врати во составот на Русија од која е одвоен во 1950-те и предаден на Украина во рамките на тогашнито СССР, и инвазијата на Украина пресвртница, Штајнмаер рече дека однесувањето на САД претставува втор историски „лом“ во глобалниот поредок.
„Потоа, тука е и распадот на вредностите на нашиот најважен партнер, САД, кои помогнаа во изградбата на овој светски поредок“, рече Штајнмаер во говорот на симпозиум доцна во средата, што беше објавено од медиумите во четврток.
„Неопходно е да се спречи светот да се претвори во дувло на разбојници, каде што најбескрупулозните земаат што сакаат, каде што регионите или цели земји се третираат како сопственост на неколку големи сили“, рече Штајнмаер неуспешниот преговарач во Минските договори за запирање на граѓанската војна во Украина во 2014 и 2015 година.