Раде Шербеџија заедно со бендот „Западни колодвор“ на 24 јануари ќе одржи концерт во Центарот за култура во Битола од 20 часот. Ден претходно, хрватскиот актер со холивудска кариера ќе одржи концерт во Филхармонијата на Скопје.
На прес-конференција, концертите беа најавени како уметнички спектакли каде се преплетуваат поезијата, музиката, актерството и другите. Воедно публиката ќе има можност да ја слушне и песната „Кога љубовта умира“.
„Ексклузивно во Битола и Скопје ќе биде изведен првпат во оваа песна, за која во изведба се снима и спот“, рече Владимир Мандичевски-Манде од „Баги комуникации“.
На прес-конференцијата беше и познатиот битолски актер и голем пријател на Шербеџија, Петар Мирчевски, со кого заедно играат во многу филмови.
„Ќе споделам една анегдота“. ми вели: ‘Ај, закачивме корона од Раде’ А, јас му одговорив ‘и корона да е, од Шербеџија да е’, рече Мирчевски и додаде дека тој е актерски и дол.
Директорот на Центарот за култура Сашо Илковски рече дека картите за концертот во Битола претходно биле продадени и чинат 800 денари.
Ж. ЗДРАВКОВСКА
Фото: Директорот на Центарот за култура во Битола Сашо Илковски со менаџерот Владимир Мандичевски-Манде и актерот Пепи Мирчевски
The post И КОРОНА ДА Е, ОД ШЕРБЕЏИЈА ДА Е, РЕЧЕ АКТЕРОТ ПЕПИ МИРЧЕВСКИ ПРЕД КОНЦЕРТОТ НА ХРВАТСКИОТ АКТЕР ВО БИТОЛА се појави прв на СМАРТ – СДК МК.