Водечкиот тим во англиското фудбалско првенство, Арсенал одигра нерешено 0:0 против актуелниот шампион Ливерпул на лондонскиот стадион „Емирати“ во четвртокот вечерта во натпреварот од 21-то коло.
Екипата на Микел Артета победи на седум последователни домашни натпревари во лигата и се очекуваше да ја искористи предноста против ослабениот Ливерпул.
Арсенал ја пропушти шансата да побегне на осум бода предност на врвот на Премиер лигата во неизвесното реми. На почетокот се чинеше дека Ливерпул е во опасност да биде прегазен, но успеа да воспостави некаква рамнотежа и беше најблиску до го отвори мечот кога Конор Бредли ја погоди пречката во првото полувреме.
Арсенал на полувремето направи измени во нападот, но тоа даде премалку ефект бидејќи играта на двете екипи беше повеќе свртена на зачувањето на сопствената мрежа. Арсенал не успеа да изврши никаков притисок врз Ливерпул во второто полувреме и не доби корнер до крајот на судиското продолжение, но дури и обидите по прекини на играта по која сезонава се препознатливи „Топчиите“ се покажаа безопасни за гостите.
Натпреварот не изобилуваше со возбудувања сè до судискоро продолжение, кога Бредли остана да лежи на теренот по еден дуел. Брзо се создаде мешаница, играчите почнаа да се кошкаат меѓусебе а хаосот траеше неколку минути.
Кога ситуацијата се смири, беа создадени услови Бредли да биде изнесен од теренот со болна гримаса, па е јасно дека играчот на Северна Ирска претрпе сериозна повреда, по што Арсенал успеа да освои корнер, но не и да стигне до голот.
Со овој бод, Арсенал повторно избега на шест бода пред најблиските ривали, сега има 49 бода, додека Манчестер Сити и Астон Вила се на втортото односно третото место со 43 бода. Ливерпул е четврти со 35 бода и покрај низата без пораз во девет првенствени натпревари.