Фудбалерите на актуелниот француски и европски шампион Париз Сен Жермен го освоија својот прв трофеј во 2026 година со победата во францускиот Суперкуп, победувајќи го Олимпик Марсеј во Кувајт Сити со подобро изведување на пеналите.
Натпреварот заврши со резултат 2:2, париските „Светци“ поведоа со голот на Дембеле (13), но Гринвуд (76) израмни, а Марсеј се приближи до триумф со автоголот на Вилијан Пах (87). Сепак, Гонсалo Рамос (90+5) израмни на 2:2 во судиското продолжение и го одведе дуелот во пенал-рулетот, при што голманот на ПСЖ, Лукас Шевалие, одлично се покажа – одбрани два пенала а неговиот тим победи во пенал-серијата со 4:1.