Вашингтон ослободи двајца Руси, членови на екипажот на танкерот за нафта под руско знаме што САД го запленија оваа недела во Северниот Атлантик,објавиТасс,врз основа на соопште ние на Министерството за надворешни работ на Руската Федерација.
„Како одговор на нашето барање, американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да ослободи двајца руски државјани, членови на екипажот на танкерот за нафта„Маринер“,пишувапортпаролката на руското МНРМарија Захарова во соопштението, изразувајќи благодарност на Москвакон Трамп.
Бродот беше запленет во средата од американските власти, кои велат дека е дел од „флота во сенка“ што помага да се заобиколат санкциите на САД со транспорт на нафта од Венецуела, Русија и Иран, и дека пловел под лажно знаме.
Москва соопшти дека бродот обезбедил привремена дозвола да плови под руско знаме.
Специјалниот претставник на Москва, Кирил Дмитриев, денескана Телеграмнапишадека претседателот Трамп „донел одлука да ги ослободи сите Руси“одбродот „Маринер“.
Вашингтон претходно објави дека „екипажот ќе биде гонет“.
Русија вчера ги обвини САД за поттикнување „воени и политички тензии“ и изрази загриженост дека „Вашингтон е подготвен да предизвика сериозни меѓународни кризи“.