Полицијата синоќауапсила двајца возачи кои возеле пијани. Станува збор за кичевец и за кумановец.
Како што соопшти МВР, доцна синоќа во 23:30 часот во Кичево бил уапсен кичевецот Б.С.(45).
Кога сообраќајна контрола го сопрела автомобилот „фолксваген“ со кичевски таблички што тој го управувал, полицајците му дале на Б.С. да „дува“, при што е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.
Отприлика час и половина порано, во селото Челопек во општина Старо Нагоричане, бил уапсен О.С.(48) од Куманово. При сообраќајна контрола полицајците сопреле возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое сега уапсениот го управувал. Проверката со дрегер покажала дека дека е под дејство на алкохол, односно седнал зад волан со 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, нагласува МВР.