Нобеловиот институт објави во саботата дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друга личност, да се подели или да се одземе, откако лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави дека може да му ја отстапи наградата за 2025 година на американскиот претседател Доналд Трамп.
Институтот соопшти дека одлуката за доделување на наградата е трајна и конечна и дека комисиите за доделување не коментираат за постапките или изјавите на лауреатите по добивањето на наградата.
„Откако ќе биде објавена Нобеловата награда, таа не може да се повлече, подели или пренесе на други. Одлуката е конечна и важи засекогаш“, соопштија норвешкиот комитет за доделување на Нобеловата награда и норвешкиот Нобелов институт.
Мачадо изјави во понеделникот на Fox News дека доделувањето на наградата на Трамп би било чин на благодарност од венецуелскиот народ за отстранувањето на претседателот Николас Мадуро, кого американските специјалци го грабнаа во Каракас минатата седмица.
„Дали во некој момент му ја понудивте Нобеловата награда за мир? Дали тоа навистина се случи?“, “, праша водителот. „Не се случи, сè уште“, одговори Мачадо.
Трамп, кој не ја криеше својата желба за престижната награда и постојано ја поврзуваше со своите дипломатски достигнувања, рече дека би му било чест да ја прифати Нобеловата награда доколку Мачадо ја понуди за време на планираниот состанок во Вашингтон следната седмица.
На Мачадо, поранена членка на Националното собрание, Врховниот суд ја потврди забраната за извршување јавна функција за Марија Корина со што ја оневозможи да се кандидира на општите избори во Венецуела во 2024 година.