Поранешниот британски амбасадор во Соединетите држави, Питер Манделсон, кој беше отпуштен минатата година поради неговите врски со Џефри Епштајн, им се извини во неделата на жртвите на починатиот осуден сексуален престапник, но не и за своите постапки.
Манделсон беше отпуштен во септември поради протечени е-пораки кои открија многу поблизок однос отколку што претходно тој го признаваше. Ветеранот во британската политија во преписката го нарекува Епштајн „свој најдобар пријател“ и го советува да побара предвремено ослободување.
„Сакам да им се извинам на тие жени за системот кој одби да ги слушне нивните гласови и не им ја даде заштитата што ја очекуваа“, изјави Манделсон за британскиот радиодифузер BBC кога беше прашан дали сака да се извини за своите врски.
Манделсон рече дека ќе се извинел за своите врски доколку знаел за постапките на Епштајн или доколку бил соучесник.
„Не сум виновен, не бев свесен што прави“, рече пполитичарот.
„Верував во неговата приказна и во приказната на неговиот адвокат, кој мина многу време обидувајќи се да ме убеди дека… бил лажно криминализиран поради неговите контакти со овие млади жени. Жалам што сега не верував во таа приказна“, тврди поранешниот британски дипломат.
Британската влада во времето на отповикувањето на Манделсон соопшти дека длабочината на неговите врски со Епштајн се чини дека е „значително различна“ од она што беше познато во времето на неговото назначување.
Во меѓувреме, Лондон го назначи Кристијан Тарнер за нов амбасадор во Соединетите држави, во клучен момент за трансатлантските односи.
„Дали навистина мислите дека доколку знаев што се случува и што прави тој со и кон овие ранливи млади жени, само ќе седев таму, ќе го игнорирав тоа и ќе продолжев?“ додаде Манделсон во интервјуто за BBC опишувајќи го Епштајн како „зло чудовиште“.