Во дербито на 20-то коло од италијанското фудбалско првенство, водечкиот Интер и бранителот на титулата Наполи на миланскиот стадион „Сан Сиро“ одиграа без победник 2:2.
Интер водеше со 1:-0 и 2:1 со головите на Димарко во 9. и Чалханоглу во 73. минута од пенал, но Мектоминај со погодоците во 26. и 81. минута успеа двпати да израмн.
Интер сè уште е на врвот со 43 бода, три повеќе од второпласираниот Милан, и четири повеќе од третопласираниот Наполи и четвртопласираната Рома, кои одиграа натпревар повеќе.
Фудбалерите на Лацио ги освоија сите три бода во 20-то коло од италијанското првенство со минимална победа од 1:0 на гости кај Верона. Победата за Лацио ја донесе автоголот на Нелсон во 79. минута.
Лацио сега е осми на табелата со 28 бода, додека Верона е на дното со 13 бода, ист број како и претпоследната Пиза.