Фудбалерите на Барселона по 16-ти пат го освоија Суперкупот на Шпанија откако во неделата го победија Реал Мадрид со 3:2 во финалето во саудискиот град Џеда.
Беше одлично издание на „Ел Класико“, особено првото полувреме во кое беа постигнати четири гола, од кои три во судиското продолжение.
Барса поведе во 36. минута со голот на Рафиња, Винисиус израмни во втората минута од судиското продолжение, но две минути подоцна Роберт Левандовски ѝ донесе на Барса ново водство. Резултатот беше 2:2 на полувремето бидејќи Гонзало Гарсија постигна гол во шестата минута од судиското продолжение за анулирање на предноста на Каталонците. Во 73. минута, Рафиња донесе водство на Барса по трет пат со својот втор гол на натпреварот.
Ова е 16-та титула на Барселона во Суперкупот, додека Реал остана на 13 трофеи. Тоа беше и петта победа на Барса против Реал во последните шест натпревари, и 105-та победа вкупно во најголемото дерби на шпанскиот фудбал, Реал има повеќе победи, а 52 натпревари завршија без победник.
Реал ја имаше првата шанса на натпреварот, Винисиус се проби низ левата страна во 14. минута, се упати кон голот и шутираше, но Жоан Гарсија беше сигурен. Во 27. минута, Рафиња одговори со силен удар, но директно во Тибо Куртоа.
Во 33. минута Гонзало Гарсија доби употреблива топка во шеснаесетникот, но шутираше лошо па голманот на Барса немаше поголеми проблеми. Две минути подоцна, Рафиња исто така се најде во одлична шанса, беше проигран одлично од Ламал и избори пред Курота, но шутираше почетнички крај голот. Сепак, во 36. минута, Бразилецот постигна одличен погодок за 1:0. Фермин го проигра Рафиња кој одлочно ја прими топката ја намести на левата нога и низ нозете на Чуамени го погоди спротивниот агол за 1:0.
Реал Мадрид одговори во втората минута од судиското продолжение со одличниот гол на Винисиус Жуниор. Бразилецот речиси од центарот се проби по левата страна, ги мина Кунде и Педри, тргна кон средината на шеснаесетникот од каде биеше за 1:1. Тоа беше неговиот прв гол од 4-ти октомври. Две минути подоцна, Левандовски ги врати Каталонците во ново водство. Педри итро го исфрли во празно Левандовски, кој со присебен и прецизен удар го совлада Куртоа. Тоа беше десеттиот гол на Полјакот оваа сезона, а неговиот 12-ти против Реал Мадрид во 18 натпревари.
И кога се чинеше дека Барса ќе оди на полувреме со предност, Реал повторно израмни. Родриго центрираше од корнер, шутот на Хујсен Рафиња со глава го одби но само во пречката, топката се одби до Гарсија кој во пад стрелаше попрецизно под пречката за 2:2.
Првата голема шанса во вториот дел беше за Барселона, Ламине Јамал шутираше во 70. минита но Белгиецот на голот на Реал реагираше одлично. Три минути подоцна, дури ни одличниот Куртоа не можеше ништо да направи. Пет минути по влегувањето во игра, Дани Оломо му асистираше на Рафиња, кој шутираше од работ на шеснаесетникот, топката на пат кон голот го закачи Раул Асенсио и завршии во мрежата за ново водство на Барса 3:2.
Во 79. минута, Олмо и самиот се закани, но неговиот удар мина надвор од рамките на голот. Во 90. минута, Барса остана со играч помалку откако Френки Де Јонг направи невнимателен старт врз Килијан Мбапе и доби директен црвен картон.
Реал имаше одлична шанса да израмни во шестата минута од судиското продолжение, но следеа два удара на неговите напаѓачи директно во голманот на Барса.