Контроверзната Арлинда Кадри Шахиновиќ, која изминатиот период беше во фокусот на неколку големи скандали, како и адвокатката Сузана Јошевска – Атанасовска, своевремено советник во корумпираното СЈО, се избрани за членови на Судскиот совет. Тие беа предлог претседателката Гордана Сиљановскана, а пратениците ги избраа со 63 гласа „ЗА“ и 15 „ПРОТИВ“.
Шахиновиќ е позната како дел од Комисијата за помилување која колективно поднесе оставка под притисок на јавноста, поради препораката да се помилуваат десет осуденици, меѓу кои и Акиф Равмановски член на наркокартелот „Барон“. Тој по помилувањето беше пуштен од затворот „Идризово“ на условна казна. Во скопската казнена установа издржуваше казна од една година и три месеци поради нелегално поседување на оружје. Но, веднаш потоа беше уапсен, поради обид за убиство во инцидент, кој се случил десетина дена пред помилувањето. Имено, во скопски Чаир беше застрелан член на ривалскиот клан од селото Грчец.
Нетпрес го објави и големиот скандал поврзан со името на професорката Шахиновиќ, која своевремено, добилаангажман во ФФМ наводно лично од претседателот Муамед Сејдини, додека таа била член на Комисијата за помилување. Според непотврдени информации, нејзиниот хонорар изнесувал 30.000 денари месечно. Информациите од изворот на Нетпрес укажуваат дека таа не била изгласана на Управен одбор на ФФМ, туку Сејдини тоа го направил со одлука на Комитетот за итност. Таа ја извршувала функцијата Претседавач на Комисијата за жалби во ФФМ.
Во исто време, додека имала ангажман во ФФМ, Арлинда Кадри Шахиновиќ била избрана и за професор на приватниотМИТ Универзитет. Претходно, пак, Арлинда Кадри Шахиновиќ предавала наФакултетот за правни и политички науки на ФОН.
Сиљановска Давкова, која секако е добро запознаена со контроверзната професионална активност на новоизбраната членка на Сускиот совет, образложувајќи ги предлозите рече дека се водела од нивната „стручност и компетентност“.
Инаку, Судскиот совет има значајна улога во обезбедувањето независно и непристрасно судство, односно ги избира и разрешува судиите и претседателите на судовите, одлучува за нивно унапредување, дисциплинска одговорност и престанок на судиската функција, со што директно влијае на квалитетот и интегритетот на судството.