Во последниот натпревар од 20-то коло од италијанското фудбалско првенство, Јувентус го победи Кремонезе со 5:0, скокнувајќи на третото место на табелата.
Пет различни стрелци постигнаа голови за торинската „Стара дама“. Бремер го отвори резултатот во 12. минута, Џонатан Давид го зголеми резултатот на 2:0 во 15. минута, а до крајот на натпреварот меѓу стрелците беа и Кенан Јилдиз (35), Филипо Терачано (48) и Вестон МекКени (64).
Претходно во понеделникот играа и Џенова и Каљари играа, а домаќинот славеше со резултат од 3:0. Домаќинот поведе во седмата минута со голот на Лоренцо Коломбо, Мортен Френдруп го зголеми резултатот на 2:0 во 75. минута, а Лео Остигард ги постави конечните 3:0 три минути подоцна.
Џенова моментално е на 15-та позиција со 19 бода, исто колку и Каљари, место подолу.
Интер е лидер на табелата со 43 бода, Милан има 40, а Јувентус, Наполи и Рома имаат по 39 бода.