Ливерпул обезбеди место во шеснаесетфиналето на англискиот ФА куп откако го победи третолигашот Барнсли со 4:1 на својот „Енфилд“.
Домашниот тим поведе во деветтата минута со голот на Доминик Собослај, а во 36. минута Џереми Фримпонг постигна гол за 2:0. За двата гола асистираше Алексис Мек Алистер.
Адам Филипс донесе малку надеж за гостите во 40. минута, но Ливерпул ги реши сите сомнежи со уште два гола во следните минути. Флоријан Вирц постигна гол за 3:1 по асистенција од Уго Екитике, а во третата минута од продолжението ги сменија улогите. Вирц асистираше, а Екитике постигна гол.
„Црвените“ следниот натпревар ќе играат против Брајтон енд Хоув Албион, кој го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“ во неделата.
Претходно во шеснаесетфиналето се пласираа Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Астон Вила, Њукасл Јунајтед, Фулам…