Во станот во Богданци каде што живееле под кирија, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој ѝ нанел повеќе убоди на мајка си во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да ѝ задава убоди, па откако и тие се свиткале, од кујната зел друг нож со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала.
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против убиецот што ја усмрти мајка му во неделата.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство или ќе влијае врз сведоците кои ќе бидат испитувани во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.