Обемот на испораките на руски гас за Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“ скокна за речиси 25 проценти во 2025 година, објави „Газпром“ во вторникот.
„Газпром“ минатата година испорача 38,8 кубни метри гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“, објави руската компанија, што е зголемување од 24,8 отсто во однос на 2024 година.
Ова значи дека минатата година компанијата извезла повеќе гас во Кина преку цевководи отколку во сите европски земји со кои Русија не дели граница заедно, вклучително и Турција, забележува компанијата. Рускиот гас почна да пристигнува во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“ во 2019 година, според долгорочен договор за продажба помеѓу „Газпром“ и кинеската CNPC, забележува руската новинска агенција Интерфакс.
Дневните испораки на гасоводот „Моќта на Сибир“ го достигнаа максималното договорено ниво од 38 милијарди кубни метри гас на годишна основа на почетокот на декември 2024 година, еден месец порано од првично планираното.
Во пролетта минатата година, гасот се испорачувал додека беа во тек работите за одржување на гасоводот, нагласи „Газпром“.
Русија оттогаш стана најголем снабдувач на природен гас во Кина, и преку цевководи и во форма на течен природен гас, сочинувајќи околу една третина од вкупниот увоз на Кина од овој енергетски ресурс, објави Интерфакс.
Гасоводот Моќта на Сибир се состои и два крака: од наоѓалиштето Чајандинскоје во Јакутија до Благовешченск (на границата со Кина) со должина од околу 2.200 километри и од полето Ковикта до Чајандинское од речиси 800 километри. Првата делница е изградена за пет години и пуштена во употреба во 2019 година, додека втората делница и треба да биде пуштена во употреба на почетокот на следната 2023 година.
Првите испораки на гасот од Русија до Кина преку гасоводот Моќта на Сибир започнаа на крајот на 2019 година и изнесуваа 4,1 милијарди кубни метри во 2020 година, а се зголемија два ипол пати во 2021 година. На почетокот од февруари 2022 година „Газпром“ потпиша втор долгорочен договор со кинескат CNPC за извоз преку Далечниот исток. Вкупниот обем на испораките, според договорт, ќе пораснат на 48 милијарди кубни метри годишно. Имајќи го предвид гасоводот „Моќта на Сибир 2“ и неговото продолжување низ Монголија преку гасоводот „Сојуз Васток“, извозот на гас во Кина може да се зголеми за дополнителни 50 милијарди кубни метри годишно.