Во првото полуфинале од англискиот Лига куп, Манчестер Сити на гости го победи Њукасл Јунајтед со 2:0.
Еден од хероите на победата на гости беше Семењо, играч кој пристигна во Сити како засилување од Борнмут за време на овој зимски преоден рок. Ганецот постигна гол за гостинскиот тим во 53. минута. Десет минути подоцна, Семењо повторно ја погоди мрежата на противникот, но тој гол беше поништен откако ВАР регистрираше офсајд. На самиот крај, во 98. минута, Черки го постигна конечниот гол за 2:0.
Реванш натпреварот ќе се игра во Манчестер на 4-ти февруари.
Во среда, првиод дуел од полуфиналната пресметка во Лига купот на лондонски „Стемфорд Бриџ“ ќе го играат градските ривали Челзи и Арсенал.