Кина забележа суфицит во трговијата со светот од речиси 1,2 трилиони долари во 2025 година, покажаа царинските податоци објавени во средата, со скок на извозот на африканските и пазарите на ASEAN и најголем обем на пратки на ретки минерали во повеќе од десет години.
Во периодот од јануари до декември, вредноста на извозот на Кина се зголемил за 5,5 отсто и достигнал вкупна вредност од околу 3,8 трилиони долари, покажуваат царинските податоци.
Вредноста на увозот, пак, останал повеќе или помалку на нивото од претходната 2024 година и изнесувал околу 2,6 трилиони долари.
Вишокот на Кина во трговската размена со светот со тоа се искачила на 1,189 трилиони долари, износ приближно еквивалентен на бруто домашниот производ (БДП) на Саудиска Арабија, членка на Групата 20 водечки економии.
Уште во 2024 година, вкупниот трговски суфицит на Кина се приближи до границата од трилион долари, откако првпат ја надмина во ноември минатата година.
„Соработката со поширок круг партнери значително ја подобри отпорноста на Кина на различните ризици“, изјави на прес-конференција Ванг Џун, заменик-директор на царинската управа на Кина.
Во декември вредноста на пратките од втората по големина економија во светот се зголемиле за 6,6 отсто на годишно ниво, по зголемувањето од 5,9 отсто во ноември. Увозот, од друга страна, се зголеми за 5,7 проценти, по зголемување од 1,9 отсто ланскиот ноември.
Резултатите јасно сигнализираат дека трговската политика на САД и потезите на претседателот Доналд Трамп ги охрабрија кинеските компании да се свртат кон други пазари. Вредноста на кинескиот извоз во САД, изразена во долари, се намали за 20 отсто во 2025 година, додека вредноста на увозот од најголемата економија во светот се намали за 14,6 отсто.
Испораките до африканските и земјите од ASEAN (југоистична Азија) скокнаа за 25,8 отсто и за 13,4 проценти, соодветно.
Вредноста на кинеските пратки до Европската унија, исто така, значително се зголеми, за 8,4 отсто.
Извозот на ретки земни минерали од Кина достигна највисоко ниво од 2014 година, и покрај зголемените контроли врз пратките на одредени производи од април.
Кина купи најголемо количество соја откако почна да објавува податоци минатата година, при што пратките од Јужна Америка се зголемија. Кинеските купувачи ја избегнуваа американската соја поголемиот дел од годината поради тековните трговски тензии меѓу Вашингтон и Пекинг. Азискиот гигант, инаку, е најголемиот купувач на земјоделски производи во светот.