СВР Тетово денеска соопшти дека во пожарот синоќа во Тетово загинал пензионираниот професор Обрад Стојановиќ.
Пожарот во станот на Обрадовиќ на улицата 180 во Тетово во СВР Тетово бил пријавен во 19.20 часот вчера.
„При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово“, стои во билтенот.