Поради тепачка четиримина скопјани и еден италијански државјанин биле уапсени синоќа на подрачјето на Бит Пазар, соопшти СВР Скопје.
Уапсени се М.А. (30), С.Ш. (30), Р.К. (21), 16-годишник, сите од Скопје и М.Ј.(20) од Италија затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, нагласува СВР Скопје.