Фудбалерите на Барселона сепак потешко од очекуваното се пласираа во четвртфиналето на шпанскиот Куп на кралот откако на гостински терен во четвртокот вечерта го победија второлигашкиот тим Расинг Сантандер со 2:0.
За разлика од Реал Мадрид, кој беше шокантно елиминиран од Албасете, 17-тиот тим во „Сегунда“, Барса не дозволи изненадување.
Водечкиот тим во втората лига се бореше добро, но Барса на крајот победи со 2:0. Стрелци беа Феран Торес во 66. минута и Ламине Јамал во петтата минута од судиското продолжение.
Расинг постигна два гола, но двата гола беа поништени поради офсајд. Покрај тоа, непосредно пред Јамал да го затвори мечот, домашните напаѓачи не реализираа колосална шанса за израмнување на 1:1 што ќе го однесеше мечот во продолженијата.
Валенсија, исто така, се пласираше во четвртфиналето, победувајќи го второлигашот Бургос со 2:0 на гостински терен. Рубен Иранзо во 10. и Умар Садик во 50. минута беа стрелци за „Лилјаците“.
Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Реал Бетис, Алавес и Албасете претходно се пласираа во четвртфиналето.