Во Драмскиот театар во Скопје започна пробите за претставата „Ова е само крајот на светот“ по истоимената драма на Жан-Лик Лагарс. Преводот, адаптацијата и режијата се на Теа Беговска.
Сценографка и костимографка на претставата е Надија Василева од Бугарија, а музиката е на Енес Беговски. Играат Стефан Вујисиќ, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ.
„Ова е само крајот на светот“ е првата претстава што се подготвува во Драмски во годината кога театарот го обележува 80-годишниот јубилеј. Премиерата се планира за 7 март.
„Верувам дека во процесот на подготовка на претставата сите многу ќе истражат и индивидуалноста ќе создаде една моќна претстава за дисфункционалното семејство во кое навидум сите се на број, но секој го живее својот проблем и најважен процес е одложување да се каже вистината“, вели Беговска.
The post ТЕА БЕГОВСКА ЈА РЕЖИРА „ОВА Е САМО КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР се појави прв на СМАРТ – СДК МК.