ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување на моторно возило“.
Имено, во саботата на на влез во Кочани, полициски службеници запреле патничко возило „форд“, кое пријавениот го управувал и при извршен преглед над него бил пронајден и одземен кокаин, а по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на дрога.