Во населбата Домачки Дол вчера во 13.50 часот бил уапсен Т.А.(59) од Крива Паланка.
Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки таблички удрил во паркирано возило.
Проверката со дрегер покажала дека односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и приведен во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти СВР Куманово.